Cemil Murat Budak
30 Јуни 2023•Ажурирај: 01 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Турските сили фатија тројца терористи на турската граница со Грција и со Сирија, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Во ова соопштение се нагласува дека на границите продолжува борбата против тероризмот.
„Граничните сили фатија едно лице кое од Грција било присилно испратено кон нашата земја, едно лице кое на илегален начин се обидело од нашата земја да премине во Грција, и едно лице кое на илегален начин се обидело да премине од нашата земја во Сирија“, се додава во ова соопштение.
„Како резултат на извршеното истражување, двајца од овие лица биле припадници на терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и едно лице било припадник на терористичката организација ФЕТО“, се нагласува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Туркије.