Турција

Турското разузнавање неутрализира висок терорист на ПКК во Ирак

Терористот, кој се криел подолг период, е неутрализиран во операција спроведена од турските сили во регионот Хакурк

Hüseyin Cem Dağıstanlı  | 07.02.2025 - Обновена : 07.02.2025
Турското разузнавање неутрализира висок терорист на ПКК во Ирак

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турската Национална разузнавачка агенција го неутрализира Мурат Келеш, висок припадник на терористичката ПКК/КЏК, во операција во Северен Ирак, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Анадолу.

Терористот, кој се криел подолг период, е неутрализиран во операција спроведена од турските сили во регионот Хакурк.

Келеш, познат по кодното име Берхудан Харун, се поврзува со ракетниот напад извршен во 2016 година, чија цел беше оклопно возило на Турските безбедносни сили во подрачјето на Силопи во југоисточната турска област Ширнак.

Преку својата мрежа турското разузнавање го следеше терористот, кој беше вклучен во организирањето трансфер на експлозив во западните области за потенцијални напади во метрополите.

Баран од Туркије за дела поврзани со тероризам, откриено е дека Келеш има висока улога во терористичката организација ПКК/КЏК во Северен Ирак.

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.