Diyar Güldoğan
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во 2017 година, во притвор во Турција задржани се вкупно 48.305 лица под сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во земјата во 2016 година, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јавуваAnadolu Agency (AA).
„Бројот на уапсени е речиси тројно поголем“, истакна Сојлу на состанокот за безбедност и борба против наркотици во Истанбул.
ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, е одговорна за обидот за соборување на легалната влаst во Турција на 15 јули 2016 година, при што загинаа 250, а беа повредени околу 2.200 лица
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, така што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и во јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократско избраната власт на Турција.