Sertaç Bulur
30 Декември 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2022
АНКАРА
Во акција против терористичката организација ДЕАШ во Анкара, главниот град на Турција, од слобода се лишени 23 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во акцијата на припадниците на Националната разузнавачка организација (МИТ) и Управата за безбедност на Анкара приведени со 23 од 30 осомничени за кои се распишани потерници.
Обвинителството во Анкара, претходно, врз основа на разузнавачки податоци издаде налог за притвор на 30 осомничени лица кои дејствувале со ДЕАШ.
Утврдено е дека споменатите лица биле во контакт со зоните на судирот.
Во раните утрински часови приведени се 23 осомничени, а во тек е акција за приведување на осомничените кои се во бегство.