Ekipa
21 Јули 2018•Ажурирај: 22 Јули 2018
ХАТАЈ/ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во обид за илегален влез и излез од Турција фатени се 166 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Хатај, во обид за илегален премин од Сирија во Турција, фатени се 75 странски државјани. Од тој број, 54 лица се државјани на Сирија, и тие, поради испитување, предадени се на жандармеријата на тоа подрачје.
Во две акции на подрачјето на Чанаккале фатени се 91 странски државјанин. Група од 38 државјани на Авганистан и Иран, фатени се на гумен чамец, додека се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос.
Меѓу нив се наоѓале и жени и деца. На друго место со гумен чамец фатени се 53 лица од Авганистан, Пакистан, Палестина, Сирија и Јужноафриканската Република. И тие на илегални начини се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос.