Muhammed Ali Gürtaş
30 Април 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турција им посака добредојде на 5,44 милиони странски посетители во периодот од месец јануари до март, објави денес турското Министерство за култура и туризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во првиот квартал од 2019 година, бројот на странски посетители се зголеми за 6,12% на годишна основа.
Истанбул, најпознатиот туристички град во Турција во светски рамки, беше главната туристичка дестинација на речиси 3,1 милион туристи, што претставува 56,4 отсто од вкупниот број странски посетители.
Северозападната турска област Едрене, која се наоѓа на границата со Бугарија и Грција, пречека околу 695.000 странски посетители.
По Едрене следува медитеранскиот туристички град Анталија, со над 500.000 странски посетители во првите три месеци од годината.