Halil Demir,Mustafa Hatipoğlu
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција лиши од слобода најмалку 33 лица во Истанбул, Коња и Киркларели кои се товарат за финансирање на терористичката организација Fetullahci/ Паралелните државни структури (FETO / PDY), а меѓу приведените има и челници на неколку компании и невладини организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавното обвинителство издаде наредба за лишување од слобода и извршување на претрес на куќи и комерцијални објекти на 65 лица против кои се води истрага дека се активни членови на терористичката организација како и за перење пари со цел стекнување корист за организацијата ФЕТО.
По налог на Обвинителството, турската полиција изврши претрес на 65 адреси, вклучувајќи седум компании и едно здружение.
Од слобода се лишени 33 лица, а полициската акција сè уште трае.
Станува збор за една од неколкуте истраги кои се водат во Турција против споменатата организација, а истрагата е покрената во ноември 2014 година кога полицијата доби дојава дека членовите на организацијата се спремаат за палење на доказниот материјал за криминални активности во еден ресторан во Малтепе. Полицијата притоа заплени список со 3.500 имиња, потоа бележници во кои се водела евиденција за давање прилог на организацијата.
Фетула Ѓулен е водачот на организацијата со која во повеќе државни институции биле врзани „ паралелните структури” кои со злоупотреба на службената должност се обиделе да извршат дестабилизација на земјата и државен удар.
Во врска со оваа организација во Турција се водат низа судски процеси во кои се подигнати обвиненија за прислушување, злоупотреба на службената положба и овластувања, обид за државен удар и други криминални активности. Полициските операции против организацијата на Ѓулен во Турција започнаа во 2014 година, а досега се приведени неколку илјади лица.