Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во последната недела во земјата се неутрализирани 43 терористи, од кои 28 се убиени, 14 сами се предале, а еден е заробен, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Министерството, од 7 до 14 август, припадниците на безбедносните сили извршиле 1.201 акција.
Во акциите против сепаратистичката организација ПКК, приведени се 319 лица за кои постои сомневање дека им помагале на терористите. Исто така, приведени се 87 лица за коишто постои сомневање дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, а 267 лица во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО. Три лица се приведени во рамките на борбата против левичарските терористички организации.
Во акциите во Мардин, Ширнак, Тунџели, Муса, Хакќари и Дијарбакир уништени се 15 скривалишта, засолништа и пештери и 15 експлозивни направи.
Припадниците на безбедносните сили запленија 2,78 тони материја којашто се користи за изработка на експлозиви, 37 рачни бомби и 47 парчиња оружје, од кои 33 од голем калибар.
Во борбата против илегалните миграции фатени се 4.879 лица, од кои 682 во морските води. Приведени се 182 лица за кои постои сомневање дека организирале илегален премин на границите.