Günay Nuh
28 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
АРДАХАН
Заледеното езеро Чилдир во Ардахан во Турција посетителите оваа зима го користат и за возење со велосипед, како замена за санки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Голем дел од езерото Чилдир, на границата Ардахан-Карс, кое е второ по големина езеро во регионот на Источна Анадолија по езерото Ван, заледено е поради студеното време.
Со проектот на Кабинетот на гувернерот на регионот Чилдир, кој во зимскиот период привлекува туристи посебно поради санките со коњи со кои работат туристичките крајбрежни подрачја, започна оваа година различни активности на мраз меѓу кои е и возење со велосипед.
На велосипедите се наоѓаат посебни гуми, а туристите кои доаѓаат на тоа подрачје сега имаат можност да уживаат во малку поинакви содржини - возат велосипед на заледено езеро.
„Овој наш регион само што започна да се заледува. Всушност, се уште не возевме санки на лед. Меѓутоа, воведовме велосипеди како алтернатива на санките. Нудиме можност на возење со велозипед за оние кои доаѓаат на ова подрачје", рече Аталајан Узункаја, кој работи во објектот кој на туристите им изнајмува велосипеди.
Како што рече, тоа е малку поинакво доживување и сака сите да го пробаат.
Граѓанинот Ахмет Јилдиз изјави дека прв пат возел велосипед на мраз. Додаде дека е возбудливо и дека се забавувал.