Muhammed Enes Can
11 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турското обвинителство започна истрага во врска со вчерашниот пад на хеликоптер во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе, при што загинаа седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
За овој случај се именувани двајца обвинители, во чие присуство веќе се направени истражувања на местото каде што се урн ахеликоптерот .
Првите испитувања веќе се направени, а на обвинителството ќе му биде проследен извештајот.
Се очекува детално испитување и обработка на остатоците од хеликоптерот, што се пронајдени по несреќата.
Хеликоптерот од типот „Сикорски“, во сопственост на приватна компанија кој полетал од меѓународниот аеродром Ататурк, падна вчера околу 11:30 часот во населбата Бујукчекмеџе, во европскиот дел на Истанбул.
Турскиот вицепремиер Нуман Kутумлуш, вчера истакна дека несреќата се случила како резултат на маглата поради која хеликоптерот удрил во кула, а потоа паднал.
Во падот на хеликоптерот загинаа седум лица, меѓу кои и четворица граѓани на Русија.