İsa Toprak
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа 8 терористи на ПКК/ЈПК во северен Ирак и северна Сирија, објави турското национално Министерството за одбрана денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот напиша на Твитер дека тројца терористи биле неутрализирани во областа на операцијата „Канџа-гром“ во зоната на северен Ирак со воздушна операција, а пет други во областа на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, и двете области во близина на турските јужни граници.
Турските власти често го користат зборот неутрализирани во извештаите за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или се фатени.
Терористите на ПКК често користат бази во северен Ирак, веднаш по турската јужна граница, за да спроведат терористички напади во Турција. ЈПК/ПКК се обиде да формира терористички коридор во северна Сирија, имајќи ги како цел и турските војници и турските граници.
Турција има спроведено серии офанзиви од 2019 година против терористичките групи во северен Ирак, особено против ПКК. Последните операции се „Канџа-молња“ и „Канџа-гром“ реализирани овој април во регионите Метина и Авашин-Басјан, операции што следуваа по операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, што започнаа во јуни 2020 година.
Исто така од 2016 Анкара реализираше три успешни антитерористички операции преку нејзината граница со Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите, а тоа беа операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПК е сириски огранок на ПКК.