Gözde Bayar
18 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Безбедносните сили започнаа истовремени операции низ Турција со цел приведување на 75 припадници на терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овој потег е извршен откако од канцеларијата на јавниот обвинител беа издадени налози за приведување на 75 осомничени лица како дел од напорите за елиминирање на инфилтрацијата на терористичката организација во турските полициски сили“, истакна извор, кој зборуваше под услов за анонимност.
„Во тек се истовремени операции низ 16 области, раководени од Истанбул, за приведување на осомничените, меѓу кои 67 отпуштени припадници, еден пензиониран и седум лица на должност“, додаде изворот.
„Голем број од осомничените се приведени, додека операциите за да се фатат останатите осомничени се во тек“, вели изворот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач кој живее во САД, Фетула Ѓулен, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.