Nazlı Yüzbaşıoğlu
18 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турција остро го осуди самоубиствениот напад извршен синоќа на свадба во авганистанскиот главен град Кабул и упати сочувство до Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се изразува жалење за големиот број жртви и повредените во терористичкиот напад.
„Остро го осудуваме овој нечовечки терористички акт кој ги таргетираше невините луѓе. Од Бога посакуваме милост за жртвите, додека на повредените им посакуваме брзо заздравување. Упатуваме сочувство до пријателската авганистанска Влада и до братскиот авганистански народ“, се вели во ова соопштение.
Инаку, во овој напад смртно настрадаа 63 лица, меѓу кои жени и деца, додека 182 лице се повредени.