Hüseyin Bağış
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во градот на Босфорот денес го започна вториот фестивал на десерти “Cake Show Istanbul”, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот кој ќе трае до утре се одржува под мотото "Сè започнува со храброст, расте со поддршка".
Слаткарниците со правење на необични десерти ќе се натпреваруваат во 11 категории, на шест нивоа. Покрај слаткарниците од Турција, своите вештини ќе ги презентираат и учесници од Иран, Азербејџан и Германија.Посетителите на настанот имаат можност да присуствуваат на разни едукативни програми во рамките на фестивалот.
Покрај тоа, производителите на храна и излагачите имаат можност да воспостават деловни контакти и трговија за време на фестивалот.
Посетителите на фестивалот имаат можност да видат торти во облик на грамафон, змејови, воини, и многу други фигури.