Mehmet Şah Yılmaz
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција изрази сочувство за оние што ги загубија животите во пожарот во ковид-центарот при Државната болница во Тетово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на турското Министерство се наведува дека со голема тага е дознаена првичната информација дека голем број луѓе ги загубиле животите и се повредени во пожарот што се случи синоќа во овој ковид-центар.
„Изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во инцидентот и до Владата на Северна Македонија, и нашите желби за брзо закрепнување на повредените“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Четиринаесет лица загинаа во пожарот што избувна синоќа во ковид-центарот каде што беа лекувани пациенти со Ковид-19.