Burcu Arik
10 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
ИЗМИР (АА) - Шеснаесет лица се уапсени поради поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК во западниот дел на Турција, соопштија денес безбедносни извори денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Осомничените се уапсени за време на истовремените антитерористички операции спроведени во крајбрежната област Измир“, велат изворите, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Изворите додаваат дека во операцијата биле, исто така, запленети дигитален материјал и документи поврзани со терористичката организација, како и пиштол без дозвола.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, а во нејзината кампања против Турција која траеше повеќе од три децении загинаа над 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.