Erdal Türkoğlu
12 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
ХАТАЈ (AA) - Во подрачјата Рејханли, Хаса, Кирикхан, Кумлу во Хатај, учениците се вратија во своите училишта каде што зимскиот одмор беше продолжен за една недела од безбедносни причини. Во училиштето на Фатма Авлар, која го загуби животот во ракетниот напад на терористите на ПЈД/ПКК,владее тага, пишува Anadolu Agency (AA).
Во Рејханли, Хаса, Кирикхан и Кумлу учениците започнаа со второто полугодие по еднонеделното одложување на одморот.
Заѕвони ѕвончето за првиот училишен час и во гимназијата „Тајфур Сокмен Анадолу“, каде што учеше Фатма Авлар, која на 31 јануари по ракетниот напад на терористите на ПЈД/ПКК во Рејханли го загуби својот живот, откако ракета го погоди нејзиниот дом.
17-годишната Фатма Авлар, која сакаше да го продолжи своето образование и да стане учителка, не можеше да го оствари сонот поради нападот на терористите. Учениците од класот 11-Д, на првиот училишен ден положија каранфили покрај фотографијата на Фатма Авлар. Многу ученици и наставници не можеа да ги задржат своите солзи за време на првиот час, а некои од нејзините другари носеа маици со фотографијата на Фатма.
Пријателката на Фатма, Еланур Суруџу, за неа рече дека ќе ја памети како многу љубезна личност, и истакна дека таа учела многу за да го реализира својот сон, да стане учителка.
Суруџу наведе дека многу ѝ недостига Фатма. „За време на нападите, Фатма секогаш нè тераше да се молиме. Никогаш нема да ја заборавиме“.
Директорот на училиштето, Иса Бенли, исто така истакна дека Фатма била успешна и примерна ученичка и дека се во голема тага.
Бенли рече дека нивна најголема желба е Фатма да не се заборави.