Ahmet Bayram
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ИЗМИР (АА) - Екипите на турската крајбрежна стража во поморските области Дикили и Чешме, во западна Турција фатиле 63 мигранти кои се обиделе илегално да заминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од канцеларијата на гувернерот на Измир, се вели дека групата од 21 мигрант е забележана во поморската област на Дикили, во обид илегално да заминат на грчкиот остров Лезбос. На чамецот се наоѓале мигранти од Авганистан, а меѓу нив имало жени и деца.
Во поморската област Чешме, забележани се два чамци на кои се наоѓале 42 мигранти. Мигрантите биле транспортирани до брегот и предадени на Службата за миграција на Измир.