Atakan Çelik
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
АНКАРА (АА) - Главните уредници од меѓународните редакции и уредниците на редакцијата за меѓународни вести на Anadolu Agency (АА), денска го посетија Големото Народно Собрание на Република Турција.
Главните уредници на АА од сите страни на светот пристигнаа во Анкара со цел да учествуваат на „Годишниот состанок на уредници“ на АА.
Едно од местата кои ги посетија уредниците на АА од меѓународните редакции беше Големото Народно Собрание на Република Турција.
Гостите имаа можност да ги видат местата во Собранието кои беа нападнати вечерта на 15 јуни и да го чујат она што беше доживеано таа вечер.
Уредниците на редакциите на АА кои низ целиот свет ги проследија вестите за предавничниот чин на ФЕТО и обидот за државен удар, имаа можност и самите да ги видат трагите на тој чин.
Делегацијата имаше можност да се фотографира со претседателот на Турскиот парламент во Салата на честа во парламентот со претседателот на парламентот Исмаил Кахраман. Претседателот на парламентот Кахраман ги прошета уредниците притигнати од Македонија, покажувајќи им ги деловите кои беа оштетени во нападите за времена обидот за пуч. Кахраман имаше и разговор со групата уредници на меѓународните редакции на АА, информирајќи се за работата на редакцијата во странство.
- Глобалната мрежа на вести АА -
Anadolu Agency (АА) која објавува вести на турски, англиски, македонски, арапски, руски, курдски (соранскиот), курдски (курманџиски). БХС (босански, хравтски, српски), албански, француски и персијски јазик, во последниов период објавува вести и на шпански и индонезиски, со што бројот на јазици на кои се објавуваат вестите на АА се зголеми на 13.
Дневно АА во просек објавува 1.650 вести, 2.330 фотографии, 400 видео материјали, 15 видео објави во живо и 6 инфографици. Само во Турција, АА покрива 63 отсто од објавените фотографии и 40 отсто од објавените вести.
Освен тоа, 89 отсто од националните информативни интернет портали во Турција, на своите страници ги објавуваат специјалните вести на АА.