Büşra Nur Çakmak
12 Август 2026•Ажурирано: 12 Август 2026
Авион Ф-16 на Турските воздухопловни сили се урна за време на тренинг-лет во северозападниот турски град Јалова, при што пилотот безбедно се катапултирал, соопшти Министерството за национална одбрана, пренесува Анадолу.
„Еден од нашите борбени авиони Ф-16 се урна во Јалова за време на тренинг-лет, а нашиот пилот безбедно се катапултираше“, соопшти Министерството преку турската платформа за социјални медиуми „НСосјал“.
„Причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага“, се додава во соопштението.