Mümin Altaş
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, по повод Светскиот ден на бегалците упати порака дека Турција нема да ги затне ушите пред плачот којшто доаѓа од четирите страни на светот, бидејќи Турција е надежта на овие обесправени луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние кои побараа помош од нас, ние им ја дадовме, не прашувајќи ги за нивниот јазик, вера или раса. И денеска и утре ќе бидеме покрај нив. Не ги затнавме и нема да ги затнеме ушите пред плачот кој доаѓа од четирите страни на светот. Бидејќи ние сме надежта на овие обесправени луѓе, бидејќи ние сме Турција" , напиша премиерот Јилдирим на својот профил на Твитер.
Покрај пораката којашто турскиот премиер ја подели на социјалната мрежа, постави и фотографија на деца пред шаторот на Турската црвена полумесечина од бегалскиот камп во местото Ислахије, близу Газиантеп.