Merve Aydoğan
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес изјави дека Турција очекува од САД да запре со снабдување со оружје на терористичката организација ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата одржана пред неговата дводневна официјална посета на Велика Британија, Јилдирим зборуваше за ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп кое го даде на турскиот претседател Ердоган дека ќе стави крај на снабдувањето со оружје за терористичката организација ПКК/ПЈД и ПКК/ЈПГ во Сирија.
„Од самиот почеток велевме дека е погрешно парнерството на САД со огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ, во борбата против терористичката организација ДЕАШ“, рече Јилдирим.
„Нашиот пријател и сојузник (САД) секогаш ни велеше дека тоа не е опција туку обврзаност. Бидејќи ДЕАШ сега е елиминиран таа обрвска исчезна“, додаде Јилдирим.
Тој ги повика САД веднаш да го прекинат партнерството со ПКК/ПЈД и да се вратат на своите вистински сојузници.
ПЈД и нејзиното воено крило ЈПГ се сириски ограноци на терористичката организација ПКК, која води воена кампања против Турција повеќе од 30 години.
Признавајќи ја ПКК како терористичка организација, САД го третира ПКК/ПЈД/ЈПГ како сојузник во борбата против ДЕАШ.
Се очекува турскиот премиер со британската премиерка,Тереза Меј да разговара во врска со регионалните прашања кои се однесуваат на Сирија и Ирак.
„Ќе разговараме за исходот од состанокот во Сочи“, истакна Јилдирим.
Тој во Велика Британија ќе се состане и со бизнисмени и медиумски претставници.
Јилдирим изјави дека пред Брегзит ќе се разговара и за обемот на трговска размена меѓу Турција и Велика Британија.
Британските гласачи одлучија да ја напуштат ЕУ на референдумот кој се одржа пред една година, а преговорите за Брегзит се очекува да бидат финализирани во март 2019 година.