Jeyhun Aliyev
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
АНКАРА
Најмалку тројца терористи на ЈПГ/ПКК се неутрализирани од страна на турските безбедносни сили во северна Сирија, во близина на турската јужна граница, се соопштува од Министерството за национална обрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани откако отвориле оган во областа на операцијата „Штитот на Еуфрат“ за да го нарушат мирот и безбедноста во околината“, соопшти Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.