Kerem Kocalar
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП/АЛЕПО (АА) - Училишните ѕвона го означија почетокот на новата учебна година во северниот сириски град Џарабулус кој неодамна беше ослободен од терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Почетокот на учебната година во пограничниот Џарабулус е овозможен со поддршка на Турција, откако градот беше ослободен од ДАЕШ со операцијата „Штитот на Еуфрат” , која со поддршка на турските вооружени сили и коалициски воздушни сили ја спроведоа опозициските сили на Ослободителна сириска војска.
Турската општина Кечиорен ја финансираше обновата на „Шехид Сандик Хандави ”, кое е една од најстарите училишта во Џарабулус, а кое на пошироката јавност и е познато по тоа што терористите на ДАЕШ во прилика на повлекување од градот поставиле минско-експлозивни направи во него, па дури и во тоалетите.
На учениците по повод враќање во училиштето, доделени им се нова облека и обувки. Учениците кои добија и училишен прибор повторно ги зазедоа местата во училишните клупи, што е уште еден од показателите дека животот во Џарабулус е вратен по победата над ДАЕШ.
Учителката Алије Хамден, е исто така една од повратничките во Џарабулус откако пред нападите на ДАЕШ побегна во Турција.
„По ослободувањето се вратив од Газиантеп во својот град Џарабулус. Овој крај претрпе многу и училиштата се уништени. Градот е ограбен, но како и секогаш до сега, браќата од Турција и овој пат ни пружија пријателска рака” , изјави учителката Хамден.
Истакнувајќи дека нема зборови да ја опише радоста поради враќањето во училиштето, Хамден изјави дека и денес ќе се запознае со учениците, а веќе од утре ќе почнат со настава бидејќи учениците подолг период биле надвор од училниците и ги чека многу материјал.
Текин Башер, заменик началникот на Кечиорен, изјави дека целиот труд се исплатил кога децата со својата насмевка и игра утрово повторно ги исполните училишните дворови и училиштето.