„Никој не треба да се плаши од тоа што Собранието ќе го предводи Албанец" (1)
СКОПЈЕ (АА) - Новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, во интервју за Anadolu Agency (AA) вели дека е свесен за тежината и за околностите во коишто ќе треба да работи, и во тој контекст, психолошки, функционално и професионално е подготвен да се справи со сите околности што го чекаат во текот на работата. Џафери истакна дека е подготвен да ги води седниците во Собранието на македонски и на албански јазик, напоменувајќи дека тоа го пропишува Уставот и го овозможуваат законите.