Andelija Stojkovic
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
БЕЛГРАД (АА) - Премиерот на Словенија, Марјан Шарец изјави дека Словенија го поддржува проширувањето на Европската Унија на Западен Балкан и дека смета оти Србија заслужува да биде дел од Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Тој на прес-конференцијата со српската премиерка, Ана Брнабиќ, оцени дека ЕУ е нешто најдобро што ѝ се случило на Европа.
Шарец изјави дека Словенија е добар пријател на регионот, кој добро ги познава проблемите што постојат, и дека затоа продолжува да го поддржува проширувањето на Западен Балкан.
Тој оцени дека влегувањето во ЕУ нема да се случи преку ноќ и дека тоа е долготраен процес, дека треба да се спроведат реформи, но дека за реформите е потребно да се добие некое поттикнување.
Шарец изјави дека подготвува заедничка седница на владите на Србија и Словенија и дека верува оти редовно ќе се работи на отворените прашања, кои се малку, како и дека е договорена средба на бизнисмените на двете земји.
Зборувајќи за таксите на Приштина, Шарец повтори дека тоа „не е добар пат“ и дека таксите треба да се укинат за да се разговара, и додаде дека верува оти во блиска иднина ќе продолжат разговорите меѓу Белград и Приштина, бидејќи е најлоша опцијата да нема дијалог.
„Верувам дека дијалогот ќе продолжи“, изјави Шарец.
Премиерите на Србија и Словенија оценија дека двете земји имаат добра политичка соработка.
Премиерката Брнабиќ изјави дека очекува раст на словенечките инвестиции во Србија и ѝ се заблагодари на Словенија за поддршката за евроинтеграциите и за тоа што никогаш не ѝ поставувала услови на Србија во врска со поглавјата, туку ѝ давала? поради давањето на техничка поддршка.
Брнабиќ истакна дека Словенија е јак претставник на проширувањето на ЕУ.
Таа изјави дека Србија и Словенија потпишале договор за вработување на работниците од Србија во Словенија и дека тој договор стапува на сила од 1 септември.
„Доколку луѓето сакаат да заминат, важно е да заминат на контролиран начин, да имаат правна и материјална безбедност, и дека доколку нешто тргне на лошо, владите да можат адекватно да реагираат, тоа е поентата на договорот“, изјави Брнабиќ.
Таа му се заблагодари на Шарец на јасниот став за таксите што Приштина ги воведе за стоката од Србија и БиХ, дека таквата одлука не придонесува на регионалната стабилност и дека не може да се најде компромисно решение за косовскиот проблем без дијалог.
„Имаме различен поглед на прашањето за независност на Косово, го разбираме и почитуваме ставот на Словенија, но важно ни е и тие да го разберат нашиот став и да знаат што се случува на Косово и дека Приштина не е предвидлив партнер“, нагласи Брнабиќ.
Таа додаде дека е важно членките на ЕУ да препознаат дека Приштина го прекршува не само ЦЕФТА, туку и Договорот за стабилизација и придружување од ЕУ.
Брнабиќ истакна и дека Србија искрено е посветена на европските интеграции и дека тоа е стратешка цел на Србија.
„Мислиме дека заслужуваме побрзо да напредуваме во евроинтеграциите“, изјави Брнабиќ.