Вучиќ со командантот на НАТО, Манча: Отворени сме за соработка за да се зачува стабилноста во регионот
„Српската политика на воена неутралност останува цврста, но отворени сме за понатамошна соработка со цел да ја зачуваме стабилноста и безбедноста во регионот“, рече Вучиќ
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со командантот на Здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Стјуарт Манча, пренесува Анадолу.
Вучиќ на својот инстаграм-профил објави дека на средбата со адмиралот Манча разговарале за клучните прашања во односите меѓу Србија и НАТО.
„Српската политика на воена неутралност останува цврста, но отворени сме за понатамошна соработка со цел да ја зачуваме стабилноста и безбедноста во регионот“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека разговарале и за континуираната соработка во рамките на програмата Партнерство за мир, како и за подготвеноста на Белград да ги унапреди сите форми на заедничка активност, вклучително и цивилното реагирање при вонредни ситуации.
„Ќе продолжиме да работиме на зачувување на регионалната стабилност и безбедност, притоа штитејќи ги нашите национални интереси. Србија е посветена на зајакнување на односите со сите партнери, во рамките на принципите на меѓусебно почитување и рамноправност, и ќе продолжи да се спротивставува на секој облик на еднострани акции кои можат да ги загрозат мирот и безбедноста во регионот“, истакна Вучиќ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.