Husamedin Gina
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) – АД „Халк банка“ Скопје донира 10 електрични инвалидски колички за лицата со посебни потреби за Здружението СОС ВИТА, јавува Агенција Анадолија (АА).
Десет инвалидски колички беа дистрибуирани во седиштето на Здружението СОС ВИТА, а на настанот присуствуваше и главниот извршен директор на АД „Халк банка“ Скопје, Билал Суџубаши, кој посака со оваа донација да им се олесни секојдневниот живот на лицата со посебни потреби.
„Колку и да велиме дека ги споделуваме вашите проблеми, не можеме да ги разбереме толку јасно како вас. Не ги доживуваме толку длабоко како вас и не можеме да видиме кои се проблемите со кои се соочувате во животот. Се надевам дека ќе имаме можност да го видиме тоа и дека ќе се обидеме да направиме сѐ што е во нашите можности за да ви го олесниме животот“, нагласи директорот Суџубаши.
Наведувајќи дека целото човештво мора да даде сѐ од себе за да им помогне на лицата со посебни потреби, Суџубаши рече дека целта е пружање помош и давање пример за другите институции и хумани луѓе.
Претседателот на Здружението СОС ВИТА, Ертан Шаќири, упати благодарност до директорот Билал Суџубаши за реализација на овој проект, и до сите оние кои им помагаат на лицата со посебни потреби.
„Ние ќе бидеме гласот на сите лица со посебни потреби. Тоа ни е работа. Дојде време да им се помага на лицата со посебни потреби. Во 21 век да не им се помага на лицата со посебни потреби е катастрофално за нас“, рече Шаќири.
Шест од електричните инвалидски колички денеска беа доделени во Скопје, останатите четири ќе бидат доделени на лицата со посебни потреби во другите општини во земјата.