СКОПЈЕ (АА) - Џихад Алиу/ Сибел Везај -
Со цел да се стави крај на притисоците и масакрите врз Албанците, на денешен ден пред 19 години НАТО ја започна операцијата „Сојузничка сила“ (Operation Allied Force) чија цел беше повлекување на Србите од земјата, стационирање на медијаторите, и враќање на бегалците во земјата, пишува Anadolu Agency (AA).
Според „Human Rights Watch“, за време на операцијата која започна откако Србите не го прифатија предлогот за распоредување на меѓународни единици во земјата, и ставање крај на притисоците и суровоста, загинаа од 489 до 528 цивили, додека Југословенската страна тврдеше дека загинале од 1.200 до 5.700 цивили.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на 23 септември 1998 година ја усвои резолуцијата 1199 со која се бара од Албанците во Косово и Југославија да постигнат примирје.
Откако беа масакрирани над 20 членови на едно семејство во село Горње Обриње, кое се наоѓа во централниот дел на оваа земја, Советот за безбедност на ОН ја формираше и Косовска мисија за верификација (Kosovo Verification Mission). Примирјето беше прекинато во декември откако беше пронајдено безживотното тело на градоначалникот на општина Косово Поле, Звонко Бојаниќ, од српско потекло, во близина на Приштина.
- Конференцијата во Рамбује, и напорите за наоѓање решение
На 15 јануари во 1999 година се случи масакрот во Речак, каде 45 албански земјоделци беа масакрирани. Југославија го негираше масакрот и тврдеше дека убиените се членови на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Напорите за наоѓање решение за Косовската криза започнаа на 6 февруари во Конференцијата во Рамбује кое се наоѓа во близина на францускиот главен град, Париз. Конференцијата која беше предложена од страна на Контакт групата која ја сочинуваа САД, Британија, Франција, Германија, Италија и Русија, траеше до 23 февруари. Косовската делегација, заедно со американската и британската делегација, го потпишаа договорот позната како Договор на Рамбује, додека Југословенската и Руската делегација не го прфатија тоа.
Договорот содржеше точки како управување на Косово од страна на НАТО како една автономна област во рамките на Југославија, како и една сила на НАТО од 30.000 лица за одржување на редот во Косово. Особено, српската страна не ја прифаќаше идејата за присуство на трупите на НАТО во нивните територии наместо нивните безбедносни сили, преферирајќи неоружени набљудувачи на ОН.
- НАТО бомбардирањето на Југославија
Откако беа неуспешни обидите да се убеди Југославија, НАТО на 24 март во 20:00 часот ја започна операцијата „Сојузничка моќ“, која ќе траеше до 10 јуни.
И Турските вооружени сили (ТСК)
со 10 авиони Ф-16 ја дадoa својата поддршка во рамките на воздушната операција над Југославија. Освен Грција, поддршка на операцијата ѝ дадоа сите членки на НАТО.
За време на операцијата, имаше и случаи во кои беа погодени претставништва на странски мисии и загинаа голем број цивили, за кои НАТО изјави дека биле направени ‘по грешка’.
На почетокот на мај, НАТО како цел на напад зема еден конвој со Албански азиланти, за кој ‘сметал’ дека е конвој на југословенската војска. Во нападот животот го загубија околу 50 цивили.
Повторно во мај, во Белград цел на напад беше амбасадата на Кина. Во нападот животот го загубија тројца кинески новинари, а настанот предизвика оштра критика во кинеската јавност.
Еден друг настан се случи во периодот меѓу 19 и 23 мај, кога беше бомбардиран затворот Дубрава. Во бомбардирањето животот го загубија околу 19 осуденици и затворски чувари. Во деновите по бомбардирањето, се појавија тврдења дека српските власти, иако не е позната точната бројка, егзекутирала околу 70 или повеќе осуденици.
Тримесечната воена операција на НАТО, ја принуди Србија да ги повлече воените и полицисктеи сили од територијата на Косово.
- Кумановски Воено-технички договор
На 9 јуни 1999 година во Куманово беше потпишан Воено-технички договор кој е познат како договор кој ја заврши војната во Косово. Утредента, на 10 јуни, НАТО ја прекина операцијата.
Истиот ден во Советот за безбедност на Обединетите нации беше усвоена резолуцијата 1244 со која ОН на Косово му го призна правото на раководење и за таа должност го задолжи УНМИК - Привремена административна мисија на Обединетите нации во Косово. По два дена, на 12 јуни, откако Милошевиќ ги прифати условите, и воениот персонал за поддршка на Турција стана дел од националните мировни сили КФОР во Косово предводени од НАТО.
Во периодот помеѓу 1998-1999 година кога се случи војната во Косово, беа убиени над 10.000 жители на Косово, додека над еден милиони лица од различна етничка припадност ги напуштиле своите домови, од кои околу 800.000 се Албанци. Косово на 17 февруари 2008 година ја прогласи својата независност од Србија.
Денес Косово го признаваат вкупно 116 земји, од кои 113 земји членки на ОН.