Admir Fazlagic
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Со гаснење на светилките на локациите во централното градско подрачје во Скопје, вечерва беше одбележана голбалната еколошка акција „Час на планетата Земја“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Македонија вечерва од 20:30 до 21:30 часот, во над 80 локации ширум земјата беа изгаснати светилките во знак на оваа глобална еколошка акција, со што беше испратена порака за спас на планетата Земја.
Во град Скопје, во централното градско подрачје еден час во мрак беа „Плоштад Македонија" со спомениците и сите објекти по кејот на реката Вардар, почнувајќи од Македонскиот народен театар до Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
„Како што акцијата вечерва патува низ часовните зони така во мрак ќе потонат преку 187 земји и седум ијлади града ширум светот, меѓу кои е и Македонија. Навистина не радува што Македонија по 9 пат се вклучува Македонија во Часот на планетата земја и во мрак ќе потонат повеќе од 80 локации низ целата Република", изјави за медиумите Ѓорѓи Селков од организацијата „Часот на планетата земја".
Централниот настан се одржа на плоштадот „Македонија" во Скопје каде волонтери на Црвениот крст со петстотини свеќи ќе го испишаа логото на акцијата 60+, испраќајќи порака за подигнување на свеста за зачувување на планетата Земја.
Освен во Скопје, во одбележувањето на акцијата со гаснење на светилките на познати локации и низ градските подрачја се приклучија и други градови ширум Македонија меѓу кои и Охрид, Струмица Крушево, Битола, Ресен, Гостивар, Демир Хисар...
Ова глобално еколошко движење е креирано од „WWF" (World Wildlife Fund), а поддржано од Обединетите Нации.
Целта на овој настан е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.