Talha Öztürk
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
САРАЕВО (АА) - Anadolu Agency (AA) доби награда на Сараевскиот бизнис-форум за својата поддршка и придонес.
Anadolu Agency е глобален комуникациски партнер на Форумот во изминатите седум години.
Хакан Челик, уредникот на БХС- сервисот (на босански, хрватски и српски јазик), ја доби наградата на церемонијата што се одржа во историската библиотека „Вјечница“ во главниот град Сараево.
Градоначалникот на Сараево, Абдула Скака, во својот говор им се заблагодари на сите за нивната поддршка за развојот и промовирањето на Босна и Херцеговина.
Извршниот директор на „Bosna Bank International“, Амер Буквиќ, изјави дека на Форумот зеле учество над 2.000 учесници од 50 различни земји.
Награди исто така добија и „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), банката „Зират“ (Ziraat) и претседателот на Стопанската комора на Истанбул, Секиб Авдагич.
Десеттото издание на Форумот започна вчера, на кое Турција игра важна улога.
Форумот кој се нарекува „Балкански Давос“, се фокусира на проширувањето на регионалната економска соработка и привлекувањето на меѓународни инвестиции во Југоисточна Европа.
Турскиот потпретседател Фуат Октај беше еден од овогодишните говорници.
Словенечкиот претседател Борут Пахор, малезискиот премиер Махатир Бин Мухамад и членовите на Претседателството на Босна и Хецеговина, исто така присуствуваа на настанот.
Форумот има за цел да го обедини регионот во рамките на единствена економија под слоганот „Еден регион - една економија“.
Форумот се одржува од 2010 година во заеднички напори со Меѓународната банка на Босна и Исламската банка за развој од Џеда.