САРАЕВО (AA) - Процентот на работниците од земјите од Западен Балкан во вкупната бројка на странските работници во Германија во последните три години од 9 отсто е зголемен на 25 отсто. Државите, од који овие луѓе заминуваат, можат да помогнат во враќање на работната сила на начин што ќе ги поттикнат луѓето. Мораат да формулираат политики и стратегии да се вратат луѓето, порачано е на денешниот панел одржан во рамките на Сараево бизнис-форумот (СБФ) 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Сараево денес започна јубилејната 10. меѓународна инвестициска конференција Сараево биснис-форум (SBF), која и оваа година ги собра воечките деловни и политички лидери од регионот и од светот. Во склоп на конференцијата одржана е и панел дискусија насловена „Предизвици за регионот и југоисточна Европа", на која се разговараше за можностите за надминување на предизвиците со кои се сретнуваат стопанствениците во регионот, односно како „одливот на мозоците, да се претвори во привлекување мозоци."
Стјепан Месиќ, поранешен претседател на Република Хрватска, кој имаше воведно излагање на овој панел истакна дека е важно фокусот на овогодинешниот форум и дискусијата за одливот на мозоци, талентирани и образовани луѓе од земјите на Југоисточна Европа, да биде со акцент на политиката, за да тие негативни процеси се успорат, запрат и луѓето да се вратат.
„Одговор на губитокот таленти и феноменот на одливот на мозоците е многу сложен од повеќе причини. Слободното движење на работната сила е основно право во ЕУ, на граѓаните од земјите кои се на патот да станат членки. Талентираните и образованите луѓе заминуваат бидејќи ги привлекува животот во добро организираните градови, повисоките плати и другите облици на нематеријално уважување, кое го доживуваат на работното место во странство. Многумина сакаат нивните деца да не живеат во општество во кое има корупција и нееднакви можности за развој и затоа заминуваат од своите земји", рече Месиќ.
Тој рече дека за да се поттикне враќање на квалификувани млади лица во земјите ја Југоисточна Европа, мора да се учи од примерот на Кина, која има голема стапка на враѓање на работката сила. Кинеската политика, според Месиќ, направила план за враќање на талентираните луѓе, а тоа го ускладила со економскиот план за да оствари придонес во економскиот развој.
Мохд Реџуан бин Мд Јусуф, министер за развој и претприемништво на Малезија, истакна дека проблемот на заминувањето на младите професионалци и работната сила е процес со кој се соочува и неговата земја.
Со оглед на значителниот напредок на науката и технологијата, Јусуф рече дека Малезија бележи пораст во одливот на работници во другите напредни економии. Но, како што рече, Малезија работи на обновување на својата економија и на обновување на човечките ресурси.
„Настојуваме да обучуваме луѓе тие да бидат оние кои создаваат работни места, а не оние кои бараат работни места", рече Јусуф.
Решад Зачина, коосновач и извршен директор на компанијата Ministry of Programming, успешен претприемач кој своевремено ја напушти татковината Босна и Херцеговина, а откако поминал одреден период во Шведска, одлучил да се врати во БиХ и да покрене бизнис.
Ministry of Programming е компанија за старт-ап (нови компании) која во 2017 година е прогласена за најиновативна фирма во БиХ.
„Одлучив да ја напуштам земјата. Кога отидов во Шведска, бев дел од еден од најзначајните стартапови во Стокхолм, кој 2016 година беше меѓу 50 најголеми стартапови во Европа. Тогаш помислив можам ли истото да го направам во Босна. Тоа беше малку луда идеја, но излезе сосема добро", рече Зачина.
Иван Иванишевиќ, генералниот директор за мултилатералните работи при Министерството за надворешни работи на Црна Гора, истакна дека во контекст на темата на денешниот панел клучна реченица е „Инспирацијата и креативноста во општеството кое е засновано на вредности".
Свен Петке, директор на фондацијата Конрад Аденауер во БиХ, говорејќи за заминувањето на младите луѓе од регионот изнесе многу поразителни податоци, од спект на земјите од регионот. Според неговите зборови, во Германија на крај на 2018 година било 10,9 милиони странски државјани кои работат во таа земја.
„Според податоците на Кабинетот за статистика тоа се околу 266.000 странци од земјите надвор од ЕУ кои имаат работна дозвола за престој. До крајот на 2017 година имаше 217.000 странци, а годишната стапка на раст е поголема од 20 отсто. Веќе трета година по ред главни земји од кои се доаѓа во Германија се Индија и Кина (9 отсто), БиХ (8 отсто), САД (7 отсто)", рече Петке.
Подвлече дека миграцијата на работната сила од Западен Балкан значително е зголемена во последните неколку години.
„На крајот на 2018 година Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија, сочинуваа околу 25 отсто од сите странци за дозвола за престој поради вработување. Кон крајот на 2015 година таа проценка беше 9 отсто, а три години подоцна достигна 25 отсто", нагласи Петке.
Рече дека овој висок процент е израз на тешката економска и политичка ситуација во земјите од кои овие луѓе доаѓаат. Луѓето, како што рече, едноставно сакаат да го подобрат животот на своите деца.
Државите, од кои овие луѓе заминуваат, можат да помогнат во враќањето на работната сила на начин што ќе ги поттикнат луѓето. Мораат да се поврзат со дијаспората, бидејќи дијаспората е таа која треба да го преземе водството во тој напредок. Мораат, подвлече Петке, да формулираат политики и стратегии за да се вратат луѓето.
Сараево бизнис форумот (SBF) десет години по ред го организира BBI банка во соработка со Исламската развојна банка (IDB) и со други партнери, а под покровителство на Претседателството на Босна и Херцеговина. Тридневната деловно-инвестициска конференција ќе трае до 19 април во главниот град на БиХ.
Глобален комуникациски парнер и оваа година е Anadolu Agency (AA).