Dzihat Aliju
11 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
СКОПЈЕ / ТИРАНА / ПРИШТИНА - Вечерва е Ноќта на кадрот (Лејлетул кадр – 27-та ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот). По тој повод, припадниците од муслиманска вероисповед оваа ноќ ги исполнија џамиите.
- Македонија -
Со цел да ја одбележат Ноќта на кадрот (судбината), муслиманите во Македонија ги исполнија џамиите.

Голем број скопјани дојдоа во џамијата „Мустафа Паша“, покажувајќи голем интерес за организираната програма по повод Ноќта на кадрот и извршувајќи ја својата молитвена обврска оваа посебна вечер.
За време на Ноќта на кадрот (Лејлетул кадр) исполнети беа сите џамии во цела Македонија.
- Косово -
Ноќта на кадр со програма се одбележа и во Косово.
Во главниот град Приштина, граѓаните ја исполнија џамијата „Фатих Султан Мехмед“, а поради големата присутност, дел од луѓето молитвата ја извршија во дворот на џамијата.

- Албанија -
И во Тирана, главниот град на Албанија, голем интерес кај граѓаните предизвика најголемата ноќ, Ноќта на кадр, исполнувајќи ја џамијата „Табак“.
Пригодна програма по повод Ноќта на кадр се одржа на булеварот„Народни херои“ во Тирана.
Муслиманите ги исполнија џамиите во цела Албанија, давајќи посебно значење на „вечерта која е повредна од 1.000 месеци“.
Ноќта на кадрот е одбележана и во другите земји и градови од регионот каде што живеат муслимани.