Ruslan Rehimov
11 Април 2023•Ажурирај: 11 Април 2023
БАКУ (АА) - Азербејџан и Босна и Херцеговина потпишаа договор за соработка во областа на заштитата од природни и други катастрофи, јавува Анадолу.
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Несиќ, во рамки на неговата посета на Азербејџан се сретна со азербејџанскиот министер за вонредни состојби, Кемаледин Хајдаров.
За време на средбата, Несиќ и Хајдаров го потпишаа Договорот за соработка во областа на заштитата од природни и други катастрофи.
Несиќ во рамки на посетата го посети и гробот на починатиот азербејџански претседател Хајдар Алијев.