Ekipa
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ДАВОС (АА) - Британскиот министер за економија и финансии Џорџ Озборн, изрази уверување дека треба да се постигне договор меѓу неговата влада и Европската унија (ЕУ) за низата реформи кои ги бара Лондон, со цел да остане во "европското семејство" уште во февруари, јавува Anadolu Agency (АА).
Озборн на Светскиот економски форум во Давос, рече дека е оптимист во врска со постигнувањето добар договор и дека британците ќе гласаат за да остане во 28-члената Унија на европските земји.
Британскиот премиер Дејвид Камерон минатата година ги формулира барањата за реформи за членство на Велика Британија во ЕУ, во рамките на подготовките за референдум за останување на земјата во Унијата.
Според законот усвоен минатата година, Велика Британија мора до крајот на 2017 година да одржи референдум, кој ќе одлучува за судбината на земјата, во врска со нејзиното останување или напуштање од ЕУ.
Потенцијалниот британски излез од ЕУ беше една од главните теми за кои се дискутираше во Давос годинава.