Admir Fazlagic
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) – Актерката и поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија соопшти дека синоќа во полициската станица Центар, С. М. „пријавил дека на ул. „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б. Б. А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење.“
Од страна на Итната медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
Билјана Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.
Родена е во 1973 година. Дипломирала Актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работеше во Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (1994 - 1997), а од 1997 година беше во Драмски театар Скопје. Одигра голем број театарски улоги. Беше дел и од бројни тв-проекти.
Добитник е на неколку награди за актерските остварувања.