Fatjon Cuka
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ТИРАНА
Во Албанија починаа уште две лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека откриени се уште 77 нови случаи со овој вирус во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Вкупниот број на починати поради Ковид-19 во земјата се зголеми на 51, додека вкупниот број на откриени случаи се искачи на 2.269.
Во последните 24 часа направени се 402 тестирања, а досега во земјата се направнеи вкупно 25.563 тестирања.
Меѓу другото, излекувани се уште 48 пациенти од овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани порасна на 1.298.
Моментално во земјата се наоѓаат 920 активни случаи.