Muhammed Emin Canik,Fuat Kabakcı
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.141 лице, во Мексико починаа 736 лица и во Индија починаа 407 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, поради Ковид-19 починаа уште 1.141 лице, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 54.971 лице.
Во земјата се откриени уште 39.483 случаи, со што вкупниот број на случаи во земјата порасна на 1.228.114.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентарот на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа починаа уште 736 лица поради овој вирус.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 25.060.
Во земјата се откриени уште 6.104 нови случаи, додека вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 202.951.
- Индија
Според веста на НДТВ (NDTV), во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 407 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 15.301.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 17.296 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Индија порасна на 490.401.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 285.637 лица.