Saimir Alija
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ТИРАНА
Во Албанија од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 3 лица, а откриени се уште 108 нови случаи на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на 123, додека вкупниот број на откриени случаи се искачи на 4.446.
Во последните 24 часа направени се 477 тестирања, а досега во земјата се реализирани вкупно 37.311 тестирања.
Излекувани се уште 60 пациенти заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 2.523.
Моментално во земјата има 1.462 активни случаи.