Burcu Çalık Göçümlü
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 206.365, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 43.343 тестирања за Ковид-19, од кои 913 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 18 лица како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 1.151 пациент.
Во Турција се извршени вкупно 4.446.374 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 223.315 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.563 лица.
На интензивна нега се наоѓа 1.251 лице, 378 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 206.365 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на излекувани е поголем за 238 лица од бројот на откриени случаи. Градовите каде во последните 3 дена е забележан најголем раст во бројот на откриени случаи се следни: Анкара, Коња, Шанлиурфа, Батман, Адана, Кајсери, Ерзурум“, напиша Коџа.