Fatjon Cuka
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ТИРАНА (AA) - Албанската полиција соопшти денеска дека во Влора, на југот од земјата, заплени тона и 225 килограми канабис, а во таа прилика е упасено едно лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директорат на полицијата соопшти дека во текот на операцијата е уапсено 55-годишно лице на Влора, осомничено за поседување на недозволени супстанци. Полицијата исто така покрена потрага за неговиот брат.
„Врз основа на добиените оперативни информации полицијата спроведе операција во селото Пешкепи во Влора, во рамките на која заплени значителна количина на дрога од 1.255 килограми, за која се верува дека е од видот на канабис сатива. Опојната супстанца била сокриена во подрум на зградата на осомничениот, во подземни тунели посебно ископани за нејзиното скривање, а спакувана во пакети завиени во вреќи", се наведува во соопштението на полицијата.
Од албанската полиција наведуваат дека запленетите наркотици требале да бидат прокриумчарени во Италија.