Besar Ademi
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Организацијата ХОПС (Опции за здрав живот) апелира до Министерство за Здравство на Република Македонија да се создаде соодветен закон, со што ќе се задоволат потребите на сите оние кои користат канабис за различни здравствени потреби, јавува Anadolu Agency (AA).
Според организацијата ХОПС треба да се донесе посебен закон, со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија, ќе им овозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучувајќи го канабисот во продавници или аптеки. Од ХОПС сметаат дека законот треба да овозможи за канабисот да биде достапен и за оние пациенти кои не се во можност да купат лекови.
Од организацијата апелираат до надлежните институции да се создаде простор за јавна дебата со цел да се најде погоден модел на користењето на канабисот за медицински потреби.
Доктор по медицина и активист во организацијата ХОПС Ивица Чековски кажа дека нацрт-законот е добар почеток, но додаде дека законот е "забрзан", бидејќи во неговото подготвување не се вклучени професионални лица и исто така не ги дозволува сите потребни услови за неговата имплементација.
"Право на користење на канабис е добар почеток, но тоа е далеку од она што треба да биде. Овој закон не дозволува само-култивирање на канабис од страна на пациентите. Исто така во овој закон не е предвидена и формата на користење", кажа Ивица Цековски доктор и активист во организација ХОПС.
Министерството за здравство во соработка со Агенцијата за лекови и медицински помагала подготви нацрт-закон за изменување на Законот за контрола на лекови и суптропски супстанции кон употреба на законско контролирање на производите од канабис за медицински цели, според кои може да се произведува и да се користи само во Македонија.