Adel Ömeragic
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Припадниците на црногорската полиција во акцијата под кодното име „Трик“, прекинаа синџир на улична продажба на дрога, уапсија седум лица и запленија 982 килограми марихуана, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на акцијата, запленети се и 1,7 килограми хероин и 3 килограми смеса за зголемување на масата на дрогата.
Управата на полицијата во текот на денот ќе соопшти повеќе детали во врска со оваа акција.