Almir Terzic
11 Февруари 2016•Ажурирај: 12 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) -Потпреседателот на руската влада Димитриј Рогозин, инаку, близок соработник на Владимир Путин кого претседателот на Демократската народна партија (ДНП) Милан Кнежевиќ во текот на неодамнешната посета на Москва го покани во посета на Црна Гора се наоѓа на листата на лица на кои им е забранет влез на тлото во таа држава потврдија за Anadolu Agency (AA) во министерството за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора.
"Во слад со тоа Владата на Црна Гора само донесе пропис со кој ја прифати одлука на ЕУ која ќе важи и на териротијата на Црна Гора" , појаснија од Министерството за надворешни работи и интеграции на Црна Гора.
Последното проширување на листата на лица од Руската федерација со кое е забранет влез на територијата на ЕУ беше на 14 септември 2015 година, а нејзино продолжување се очекува во март оваа година.
Санкциите на ЕУ подразбираат, освен забрана за патување, и замрзнување на сметките.