Ivana Ramadanova
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на средбата со еврокомесарот Хан изјави дека е потребно конституирање на Собранието и состав на нова Влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Ахмети политичката криза треба да се реши со политички средства и демократски принципи, со што ќе се овозможи функционирање на државата, барајќи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како одговорни за ситуацијата да ги приближат своите ставови и да отворат пат за излез од кризата.
„Еврокомесарот Хан и европратениците побара институциите што поскоро да се формираат, земјата да ги надмине сите недоразбирања и сите политички сили да преземат одговорност се до успешното конституирање на институциите во Република Македонија", изјави Ахмети по средбата.
Ахмети побарал од Хан и понатаму да ги охрабруваат политичките партии и да продолжат да олеснуваат со цел да се надминат разликите кои ги имаат партиите и институциите да започнат да се занимаваат со многуте сериозни прашања со кои се соочува земјата.
„Кризата треба да се реши со политички методи и да не прерасне од политичка во меѓуетничка криза. Сите треба да бидат внимателни и да инвестираат во правец на конституирање на институциите и на нивното функционирање", потенцира Ахмети.
Лидерот на ДУИ побара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги надминат нивните разлики и да понудат добро решение за нормално функционирање на државата.
Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска допатува во официјална посета во Скопје заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, каде што се состанааа со лидерите на политичките партии кои имаат обезбедено пратенички места во Собранието на Македонија, со цел да направат уште еден обид за излез од политичката криза.