Besar Ademi
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Заменикот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, во првиот ден од неговата посета на Македонија имаше средби и со лидерите на албанските политички парламентарни партии и се очекува следниот ден се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претставниците македонски лидери на политички партии, како и новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, јавува Anadolu Agency (AA).
Хојт Ји ги започна попладнево состаноците со раководството на Движењето Беса и со Алијанса на Албанците, а потоа и со делегацијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Како што беше најавено претходно, на средбата разговараа за состојбата околу формирањето влада, за билатералните односи и за реформите на земјата во насока на евро-атланските интеграции.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата изјави дека посетата на Хојт Ји е морална поддршка за Македонија. Тој нагласи дека треба да се прифати изборот на новиот председател на Собранието, Талат Џафери од оние сили кои го оспоруваат неговиот избор.
„Хојт ји беше многу јасен, на земјата и е потребна стабилност и враќање на процесите на вистинскиот пат. Му се заблагодарив на поддршката по избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Се разбира, нема враќање назад. По се ова што се случи во Парламентот крајно време е сите да се свестат дека земјата оди во негативен правец", рече Ахмети.
На прашањето за нивната комуникација со ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека треба да комуницират со нив, бидејќи тие сите се политички сили во земјата. Според него, тие треба со заеднички напори да ја вратат земјата на вистискиот пат.
Ахмети беше прашан и за тоа доколку поранешниот председател на Собранието, Трајко Вељановски, свика седница, дали ќе учествуваат пратениците на ДУИ.
„Господинот Вељановски нема ниту морално ниту законско право да закаже седница, бидејќи постои ново парламентарно мнозинство”, изјави Ахмети.
Според претходните најави, заменик државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји во текот на утрешниот ден ќе се состане со лидерите на македонските парламентарни партии, со новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, како и со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Потсетуваме, во четврток, на 27. април, во хаотична атмосфера во Собранието, парламентарното мнозинство го избра пратеникот од ДУИ, Талат Џафери за претседател на Собранието. Потоа следуваа инциденти пред Собранието и внатре во Собранието, кога насилно во Собранието влегоа дел од собраните граѓани кои протестираа пред зградата на Собранието. Во настаните се повредени околу 100 луѓе, меѓу кои имаше пратеници, полиција и припадници на медиумите.