Andjelija Stojkovic
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
БЕЛГРАД (AA) - Младите луѓе од Србија и Албанија на дебата насловена „Што може да не задржи да останеме", во рамките на конференцијата „Србија и Албанија-меѓузависни во развојот и стабилизацијата", оценија дека во последните 20 години односите на овие две земји напредувале, но дека напредокот не е доволен и дека е потребно да се работи на запознавање на двата народа, јавува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата е отворена со прикажување на филмот во албанско-српска копродукција „Меден месец" на режисеот Горан Паскаљевиќ, кој говори за проблемите на два млади пара од Србија и Албанија, који се обидуваат да ги напуштат своите земји и да отидат на Запад.
Претставничката на организацијата „Civil Rights Defenders", Нада Живановиќ, оцени дека за 20 години е постигнат напредок во односот помеѓу Србија и Албанија, но дека младите луѓе од двете земји ги напуштаат своите држави и заминуваат во поразвиени.
„Јас сакав да останам и да придонесам, бидејќи ако сите заминеме, кој ќе остане", рече Живановиќ.
Извршниот директор на културниот центар Тула, Рубин Бечо рече дека за 20 години немало голем напредок во размената на искуства помеѓу Србија и Албанија бидејќи цивилниот сектор не е доволно насочен на самите граѓани на тие земји, дека многу пари се вложуваат во зборување за проблемот, но дека од таа приказна се исклучени граѓаните кои поминуваат низ тие проблеми.
Тој рече дека ситуацијата во односите на Балканот е „формална и пластична", а дека односите помеѓу граѓаните би се порпавиле доколку би имало повеќе размена со која луѓето би имале вистинска слика на другата земја.
Бечо додаде дека од Прага се вратил во Тирана бидејќи мислел дека тука може повеќе да придонесе и своите искуства да ги пренесе во својата земја.
Претседателката на Националниот конгрес на младите на Албанија и член на управниот одбор на Регионалната канцеларија за соработка на младите, Дафина Пецо, оцени дека најголем проблем во Србија и Албанија е што политичкиот живот влијае на индивидуалниот живот.
Научниот соработник на музиколошкиот институт, Срѓан Атанасовски оцени дека системот во Србија и Албанија ќе се смени доколку се постават поинакви прашања, односно доколку не се размислува за тоа зшто луѓето одат, туку зошто се враќаат во тие земји.