Fatjon Cuka
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ТИРАНА (АА) - Во Албанија се одржува регионална конференција организирана од страна на Центарот на ИНТЕРПОЛ, спонзорирана од страна на Стејт департментот и од меѓународните агенции за спроведување на законoт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение на Генералната полициска дирекција на Албанија се наведува дека целта на конференцијата е создавање на регионална работна група за соработка со приватниот сектор во текот на истрагите против шверцот на луѓе на Балканот.
Генералниот директор на албанската полиција, Хаки Чако, за време на конференцијата изрази благодарност во врска со тоа што ИНТЕРПОЛ организира и развива вакви средби како една можност за размена на искуства меѓу полициските службеници на различни земји и нивна соработка.
Конференцијата се одржува во Тирана и завршува на 6 октомври, а учесници се членовите на регионалната мрежа наречена ИСОН (Interpol Specialized Operational Network), против шверцот на луѓе од Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија, Германија, Хрватска, Бугарија и од Грција.