Bojana Stojanovic
19 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
БЕЛГРАД
Новиот поглавар на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирие, е устоличен денеска во Соборната црква во Белград, со што ги презеде сите права и должности кои по црковниот Устав и каноните му припаѓаат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Патријархот со пеењето на „Аксиос“ (Достоен) ги прими симболите на патријаршиското достоинство: панагија, жезол и бела тава. Потоа се обрати на присутните, нагласувајќи дека службата на патријархот е служба на првиот меѓу еднаквите.
Порфирие изјави дека ќе продолжи да го негува соборниот дух и дека ќе продолжи да ги поврзува луѓето.
Патријархот се осврна и на актуелната пандемија на Ковид-19 и изјави дека сите се свесни за огромните жртви и страдања од таа болест.
„Мораме да бидеме силни, но и трезни. Да не нѐ совлада страв и да знаеме дека секој телесно здрав човек може да биде многу полош вирус. Примерот на оваа пандемија нека ни покаже колку сме поврзани и упатени едни кон други и дека можеме да ја победиме само со меѓусебно внимание“, изјави Порфирие.
На молитвената свеченост присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додиќ, претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, министрите во Владата на Србија, како и претставници на сите верски заедници.
Патријархот Порфирие подоцна ќе биде устоличен и во историското седиште на српските поглавари во Патријаршијата во Пеќ. За тој датум, јавноста ќе биде дополнително известена.
Митрополитот Порфирие вчера е избран за 46. патријарх на Собранието на Српската православна црква кое првпат е одржано во Храмот на Свети Сава.
Роден е во Бечеј во 1961 година како Првослав Периќ. Замонашен е во Манастирот „Високи Дечани“, во 1985 година. Завршил Православен богословски факултет во Белград во 1986 година, а постдипломските студии ги завршил во Атина во 1990 година. Таа година, со благослов на епископот бачки Иринеј, дошол во Манастирот „Свети Архангел“ во Ковиљ, каде што бил ракоположен во свештеномонашки чин и поставен за игумен.
На својата редовна седница во 1999 година Светиот архиерејски синод на Српската православна црква го избра за заменик-владика за Јегар во епархијата Бачката.
Републиканското Собрание во 2005 година го избра за член на Советот на Републиканската радиодифузна агенција како претставник на сите цркви и верски заедници, а за претседател на Советот е избран во 2008 година.
За митрополит на Загреб и Љубљана е устоличен на 13 јули 2014 година во Соборната црква „Преображение Господово“ во Загреб.