Fatjon Cuka
18 Февруари 2022•Ажурирај: 19 Февруари 2022
ТИРАНА (АА) ‒ Два брода при поморските сили на Албанија се приклучија на операцијата за гасење на пожарот кој избувна на траект кој се движеше од грчкото пристаниште Игуменица кон италијанското пристаниште Бриндизи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение на социјалните мрежи ја потврди министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши.
„Два брода при поморските сили на Албанија се приклучија во обидите за гасење на пожарот на траектот на линијата Бриндизи ‒ Игуменица“, напиша Пелеши на социјалните мрежи.
„Пожарот најпрвин беше надвор од нашите територијални води, но сега операцијата се извршува во нашите територијалните води, на далечина од 5 милји од пристаништето Порто Палермо. Во операцијата предводена од грчката страна, ангажирани се бродовите на нашите поморски сили, „Бутринти“ и бродот за патрола Р-117“, нагласи Пелеши, додавајќи дека претходно патниците и екипажот биле евакуирани од бродот.